Реакции на српските опозициски партии на протестите во Белград

Белград, 8 јули 2020 (МИА) – Српските опозициски партии денеска реагираа на синоќешните настани од пред српскиот Парламент, па така Демокартската партија ги повика сите актери да поведат дијалог и да ја смират ситуацијата, Партијата за модерна Србија ја критикуваше полицијата за прекумерната употреба на сила, а ПЦГ оцени дека најавениот полициски час е „последица на неспособноста на власта“.

Потпретседателот на ДП, Драгослав Шумарац, ги повика граѓаните да ги смират своите страсти и заедно да се грижат за јавното здравство, а владата да ги преиспита објавените одлуки. Тој, исто така, побара да се утврди идентитетот на униформираните лица, како и на припадниците на полицијата во цивилна облека кои реагираа со сила против демонстрантите.

Покрај критиките кон полицијата, Партијата за модерна Србија го повика јавниот сервис да известува навремено и вистинито, а надлежните со почит да им се обраќаат на граѓаните. Тие, исто така, ги повикаа сите политички чинители да не го злоупотребуваат незадоволството на граѓаните за добивање политички поени и да не го злоупотребуваат незадоволството на граѓаните.

ПЦГ, пак, оценува дека граѓаните имаат целосно право да се бунат против, како што велат, каприците на власта и да не се согласуваат со најавеното „казнување“ со полициски час. сд/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...