Кикиљас: Повеќе позитивни случаи на Ковид-19 имаме од копнената граница, отколку од авиолиниите

Атина, 9 јули 2020 (МИА) – Ме загрижува одредената опуштеност, но од друга страна со смиреност и професионалност и со план ќе се справиме, чекор по чекор со било која ситуација и да произлезе, вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на позитивните случаи на Ковид-19 кај туристи кои доаѓаат во Грција, Кикиљас вели дека повеќето се од копнената граница.

-Процените се дека до денес, повеќе случаи имаме од патните мрежи што водат до нашите граници, отколку од летовите од авиолиниите. Сепак, ова е динамично и може да се смени, да се менува во секој момент, рече Кикиљас и порача дека и грчките граѓани и туристите треба да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките за лична заштита.

И покрај зголемениот број случаи во Грција во изминатите денови, министерот за здравство потенцира дека ситуацијата е под контрола и „нема да оставиме да излезе од контрола“.

Додава дека Комисијата за заразни болести секојдневно има состаноци и на дневна и седмична база ги разгледува и оценува епидемиолошките податоци. ср/зш/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...