Борисов: Прифатени оставките на четворица министри

Прифатени се оставките на министрите за финансии Владислав Горанов, за внатрешни работи Младен Маринов, за економија Емил Караниколов и за туризам Николина Ангелкова, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со коалициските партнери.



Оставките доаѓаат во момент на секојдневни антивладини протести во Софија и низ целата земја, со барање за оставка на Владата и на јавниот обвинител Иван Гешев, како и одржување фер избори. Горанов, Младенов и Караниколов беа посочени од координаторите на ГЕРБ како блиски до ДПС, и затоа од нив е побарано да поднесат оставка пред една недела.

Министерката за туризам Ангелкова поднесува оставка во време кога секторот е во најлоша позиција, главно поради пандемијата на коронавирусот. На нејзино место е назначена вицепремиерката Маријана Николова, која ќе ги извршува и двете функции.

Директорот на полиција Христо Терзиски ќе го преземе Министерството за внатрешни работи, како наследник на Маринов.

Лачезар Борисов, кој моментно е заменик министер за економија, ќе ја заземе функцијата на Караниколов.

Кирил Ананиев ќе го предводи Министерството за финансии, на местото на Горанов. За министер за здравство ќе биде именуван Костадин Ангелов, кој е директор на Александровската болница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...