Рама не се откажува: Денеска ќе ги избришеме изборните коалиции

Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница порача дека денеска заеднички дадениот глас во Собранието ќе биде на потребната страна на историјата овозможувајќи отворени изборни листи и укинување на коалиции преку измени во Уставот.



Тој додаде дека со измените албанските гласачи ќе можат да гласаат не само за партија, туку и за пратеникот што го сакаат.

– Кој и да се спротивстави на ова, е на погрешна страна и против својот народ бидејќи нема доверба во неговиот народ. На петти јуни имаше само формален договор а Собранието успеа да го направи изборна реформа. Изборните коалиции денеска се бришат, нив ги нема во ниту една земја членка на ОБСЕ, од Ванкувер до Владивосток, рече меѓу другото Рама.

Албанскиот Парламент денеска треба да ги изгласа уставните измени, без постигнат консензус со вонпарламентарната опозиција, која денеска побара од пратениците да не поддржат еднострани измени бидејќи тоа е во спротивност со постигнатиот консензус на петти јуни околу изборната реформа.

Синоќа и покрај тоа што претставниците на партиите во Политичкиот совет расправа пет часа, не беше постигнат договор. Вонпарламентарната опозиција прифаќа отворени листи, но не и укинување на изборните коалиции со аргумент дека доколку партиите бидат во единствена листа, ќе биде казнета вонпарламентарната опозиција.

Дел од пратениците од парламентарната опозиција во своите дискусии оценија дека доколку се изгласаат уставните измени во земјата се враќа диктатурата.

Апел до Рама да не се усвојуваат уставни измени без постигнат консензус со вонпарламентарната опозиција упатија претседателот Илир Мета, како и највисоките претставници на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...