Захариева: Неопходно С. Македонија да ги признае историските реалности

-Бугарија на времето прва ја призна независноста на Република Македонија. Бугарија одамна ги препозна модерните политички реалности. Таа секогаш ги поддржувала независноста и државниот суверенитет на Република Северна Македонија, никогаш немала територијални претензии и никогаш не им го ускратувала правото на самоидентификација на нејзините граѓани, изјави денеска во Софија министерката за надворешни работи Екатерина Захариева на заедничката прес-конференција со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.



– Затоа е несоодветно да се предлагаат работи во спротивна насока, како меѓу граѓаните на нашите две земји, така и на меѓународно ниво. Како што Бугарија ги призна современите политички реалности, сега е потребно Република Северна Македонија да ги приознае историските реалности поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет, додаде Захариева.

Бугарија, според Захариева, не сака ништо повеќе од исполнување на клаузулите во Договорот за добрососедство, како што е јазичната клаузула.

– Јазичната клаузула во нашиот договор, ние сакаме да се рефлектира во сите документи меѓу двете страни. Немаме нови барања. Апелирам и се надевам дека проблемите нема да се создаваат онаму каде ги нема, рече Захариева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...