Дачиќ: Дијалогот со опозицијата со посредство на ЕП ќе се води и ќе го моделира Собранието

Важно е секој што се занимава со политика за себе да си постави одредена граница и секој да има право на свое мислење, но навредите врз лична основа нема да бидат толерирани, изјави претседателот на српскиот Парламент, Ивица Дачиќ, најавувајќи дека Парламентот ќе го „моделира“ дијалог меѓу власта и опозицијата во Србија, јави допсиникот на МИА од Белград.



Дачиќ за ТВ Хепи изјави дека добил информација дека претседателот на Европскиот парламент (ЕП) дека се очекува Парламентот да се вклучи во дијалогот меѓу опозицијата и владата.

– Вучиќ ми рече дека можам да очекувам од бриселската администрација да изврши притисок и дека е важно да има некој искусен што ќе може да ги моделира тие разговори и сега чекам. Слушнав дека ми подготвиле писмо и дека ќе го добијам во текот на денот, истакна Дачиќ.

Кога ќе ги добијам тие писма, оцени Дачиќ, дијалогот ќе се води во Парламентот, тој не мора да ги вклучува само партиите од Парламентот, но парламентот како највисоко претставничко тело, ќе го моделира тој дијалог.

– Опозицијата во Србија мора да разбере една работа – тешко и е на празната торба да стои исправено. Би ги советувал да постигнат добар резултат, но тие прво мора да имаат политика и луѓе кои ќе бидат привлечни за електоратот, наведе Дачиќ, додавајќи оти „опозицијата не е заинтересирана за изборниот закон, туку за медиумите“.

Како што објави весникот Денес, ЕП наскоро ќе испрати две писма до претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, со повик за што е можно поскоро продолжување на дијалогот меѓу власта и опозицијата за подобрување на изборните услови.

Весникот повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, пишува дека Дачиќ прво ќе добие писмо од претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, а потоа и писмо од претседателката на Комитетот за стабилизација и асоцијација на ЕП, Тања Фајон и известувачот на ЕП за Србија, Владимир Билчик.

Еден од лидерите на опозицијата, претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас изјави вчера дека дијалогот помеѓу режимот и опозицијата е можен само со посредство на Европа и додаде дека очекува тоа да се случи на пролет 2021 година.

– Потребна ни е медијација, некој да дојде и утре да предложи некои правила, како во Македонија и Црна Гора, што ќе овозможи промена на ситуацијата не само во медиумите, туку и да се застане со притисок врз луѓето кои мора да гласаат за власта за да не останат без работа. Тоа мора да престане и никогаш повеќе не смее да се повтори, изјави Ѓилас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...