„Балкан Инсајт“: За обичните Бугари ставот на Софија кон Скопје претставува предизборен трик

Новата вербална војна меѓу балканските соседи Бугарија и Северна Македонија можеби влече корени во историјата, но аналитичарите и обичните Бугари сметаат дека тоа е изборен трик и првенствено е поттикната од дневно политички интерси – настојувањата на бугарската владејачка коалиција да победа на претстојните избори, смета „Балкан Инсјат“ во анализа за бугарско-македонскиот спор.



– Бугарската влада ја обвинува Северна Македонија за кршење на Договорот од 2017 година, затоа што не ја признава заедничката историја и јазични сличности, прашање кое е чувствително за многу Македонци. Двете страни се спорат со нивните ставови за херојот од османлискиот период Гоце Делчев. Аналитичарите, сепак, поставуваат прашање колку сето ова е важно за обичните Бугари и во вжештената реторика гледаат невешто маскирани обиди да се добијат уште неколку гласови на изборите што треба да се одржат во март следната година, се оценува во анализата.

„Балкан Инсјат“ посочува дека заострувањето на политиката кон земјава од страна на Софија, следи во услови кога бугарската Влада со месеци е потресена од масовните протести против корупцијата.

Во анализата се посочува дека некои бугарски граѓани на социјалните мрежи ја исмеваат ваквата политика на официјална Софија, посочувајќи дека тоа би било исто како „Германија да го попречува патот на соседна Австрија или Чешка да се меша за прашања од историјата и идентитетот на Словачка“.

Според бугарскиот политиколог Димитар Бечев, ваквата политика претставува предизборен потег на владејачката коалиција предводена од партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на премиерот Бојко Борисов.

– Оваа тема не е од централно значење за бугарските гласачи, но секој процент е важен, вели Бечев, но посочува дека тука е во прашање и суштината на природата на преговорите за членство „во чии рани фази земјите кандидати вобично се посклони да прават компромиси“.

Бугарскиот европратеник од редовите на опозициската партија Демократи за силна Бугарија (ДСБ), Радан Канев оценува дека Владата во Софија на своите „неуспеси во здравствената заштита и економската политика, ги придодаде и односи со Република Северна Македонија“.

– Овој неуспех ги нема значајните и драматични димензии на здравствената и економската криза, но има трајни стратешки и во голема мера непоправливи последици. Не може и не смее да се дозволи ваквата форма на политика да биде предизборен потег, смета Канев.

Бугарски новинар Цветан Цветанов вели дека заканата на Бугарија за блокирање на пристапот на Северна Македонија во ЕУ го потсетува на американската политичка сатира „Wag the Dog“ („Со војна против вистината“) од 1997 година во режија на Бери Левинсон, во која Вашингтон инсценира војна во Албанија за да се одвлече вниманието на гласачите од претседателски секс скандал.

– Целата работа е создадена само за да се сврти вниманието на општеството, додека земјата е заглавена во разни проблеми. Гласот на разумот или барем гласот на слободоумните и образовани ретко се слуша: сè на што сме сведоци и врз што ги темелиме нашите мислења се официјалните политички изјави, вели Цветанов.

„Балкан Инсјат“ посочуава дека според истражувањето на „Барометар Бугарија“, објавено на 12 ноември, 81,1 процент од Бугарите го поддржуваат членството на Северна Македонија во ЕУ, но се согласуваат и дека земјата „треба да ја признае заедничката историја“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...