Мета по изјавата на Меркел: И јас предупредив дека нема почеток на преговори

Албанскиот претседател, Илир Мета коментирајќи ја изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел, дека не ветува оти Албанија ќе може да ги отпочне преговорите со ЕУ, рече кажа дека и тој предупредувал на тоа.

Изјавата на Меркел тој ја оцени како „омекнат дипломатски речник“.

Сепак, Мета вели дека не се обложувал дали ќе се случи или не оваа година, но потсетува дека предупредил дека преговорите нема да бидат отворени затоа што условите барани од неговата земја не биле исполнети.

-Реков дека нема отворање на преговори и јасно покажав што треба да се направи. Оваа изјава на канцеларката е омекнат дипломатски речник, но мислам дека позициите беа јасни дури и од претставникот на Бундестагот за Балканот, г-дин Вадефул. Условите беа тука, не сакавме да ги исполниме. Сакам да потсетам дека претседателот направи се за да Албанија ги исполни условите, рече Мета.

Додаде дека на кулминацијата на полтичката криза во земјата минатиот мај, две институции понудиле медијација -Бундестагот и лично тој.

-Бундестагот, понуди подготвеност за медијација и јасно стави до знаење дека со еднопартиски избори позицијата на Албанија ќе биде уште полоша и институцијата претседател, која ја презеде иницијативата и реализира лидерска средба, нагласи Мета.

На вчерашната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент, канцеларката Меркел, рече дека тие се соочуваат со потешкотии во врска со одржувањето на Меѓувладината конференција и дека се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, додека за Албанија не може да вети, односно дека Албанија ќе мора да почека.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...