Вонредна состојба во јужна Србија поради поплавите

Поради обилните количества дожд и снег во општините во јужна Србија, во општините Ниш, Лесковац, Дољевац, Бојник, Власотинце, Владичин Хан и Гадџин Хан прогласена е вонредна состојба, јави дописникот на МИА од Белград.



Кризните штабови во Ниш, Пирот, Димитровград и Врање донесоа итни мерки за санација и превенција, кои се преземаат во координација со Секторот за вонредни состојби и локалните самоуправи, а околу 10.680 домаќинства останаа без струја.

Припадниците на Секторот за вонредни ситуации евакуираа 34 лица од објектите кои беа поплавени на југот на Србија – 22 лица од Дољевац, двајца од Лесковац, шест од Бојник и четири лица од Бујановац, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Влада Племиќ од Секторот за вонредни ситуации изјави за РТС дека состојбата со поплавите на југот на Србија денеска е нормализирана.

-Дождот престана да паѓа, што е најважно. Реките полека се повлекуваат во нивните водотеци. Имавме најголем проблем со поројните текови и потоци што дури и не постоеја на картите и тие станаа активни поради обилните врнежи од дожд и ги исполнија сите вдлабнатини и места кои веќе долго време постојат како опасност, објасни Племиќ.

Што се однесува до причините за поплавите, тој посочи дека станува збор за проблем со големо количество врнежи на 8 и 9 јануари, односно снежни врнежи на планините.

Племиќ посочи дека засега ситуација не е критична и не се заканува никаде да биде критична.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...