Брнабиќ ја прими втората доза од Фајзеровата вакцина

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска ја прими втората доза на вакцината Фајзер во Институтот Торлак и по тој повод ги повика сите граѓани да се пријават за вакцинација, јави допсиникот на МИА од Белград.



-Верувам во вакцината и во нашите институции. Ги повикувам граѓаните да го сторат истото, бидејќи заедно можеме да победиме, порача премиерката на својот Инстаграм профил.

Вакцината се дава во две дози, така што Брнабиќ го заврши процесот на имунизација.

Првата доза ја доби на 24 декември 2020 година, со што стана првиот европски премиер кој се вакцинира. Утрово, во осум часот, во Србија започна да работи и кол центарот, каде што граѓаните можат да аплицираат за вакцинација против коронавирусот.

Од понеделник во тек е процесот на пријавување на граѓаните кои сакаат да се вакцинираат преку порталот е-управа, а 175 000 лица се регистрирале електронски до 8 часот утрово, изјавија од Канцеларијата за ИТ и е-управа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...