Мицотакис задоволен од процесот на вакцинација во Грција

Задоволство во врска со одвивањето на процесот на вакцинација во земјата, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и објасни дека вчера биле вакцинирани речиси 20.000 граѓани, додека пак денеска или најдоцна утре ќе стигнат до вкупно 200.000 вакцинации, јави дописничката на МИА од Атина.



Грчкиот премиер истакна дека процесот на вакцинација може да се спроведува и побрзо, но целосно се зависни од бројот на вакцини што земјата ги добива.

Мицотакис рече дека се „многу емотивни сликите со возрасните граѓани кои со импресивна доследност се придржуваа до закажаните термини за вакцинација“, додека пак грчката претседателка истакна дека „даваат лекција на хуманост и одговорност“ и изрази надеж дека „нивниот пример ќе го следат сите граѓани, дури и оние кои сè уште се против потребата за вакцинација“.

И Мицотакис и Сакеларопулу истакнаа дека епидемиолошките податоци покажуваат дека Грција е во многу подобра ситуација во споредба со повеќето европски земји.

Денешната средба на грчкиот премиер и грчката претседателка беше во рамки на нивните редовни средби еднаш месечно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...