Мицотакис: Избегнувајте непотребни движења

Апел до граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат непотребни движења, упати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по завршувањето на вонредниот состанок во Секретаријатот за цивилна заштита за координација на сите надлежни органи во справувањето со проблемите предизвикани од снегот во областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.



На состанокот акцентот бил ставен на проблемите со снабдувањето со електрична енергија во најмалку 15 општини во поширокиот дел на Атина, но и процесот на вакцинацијата што денеска е прекинат во областа Атика.

-Мислам дека е апсолутно јасно дека овде во Атика се соочуваме со многу интензивен временски феномен, кој се чини дека ќе трае до утре наутро, ќе влијае на Атика, веќе влијае на Евија и ќе влијае на Крит до утре попладне. Очигледно, препорачуваме голема внимателност при сите движења. Да се избегнуваат сите непотребни движења. Државниот механизам дава сѐ од себе да ги задржи патиштата отворени, рече Мицотакис и додаде дека особена важност се дава и на санација на проблемите со снабдувањето со електрична енергија

Според податоците од Операторот на мрежата за дистрибуција на електрична енергија во текот на вчерашниот ден имало над 200 случај на паднати дрва и над 700 дефекти кои биле санирани.

Снегот што од синоќа паѓа во областа Атика, поширокиот регион на Атина, ја парализираше грчката метропола, со проблеми во сообраќајот, во јавниот и морскиот превоз, додека пак поради невремето, супермаркетите денеска ќе затворат два и пол часа порано, односно во 18, наместо во 20.30 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Како да претвориш мачка во свиња?
- Земи ја за жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1887.- Во Витебск, во Русија, е роден Марк...
1893.- Во Загреб е роден Мирослав Крлежа,...
1921.- Во селото Брусник, битолско, е роден...
1937.- Јапонската армија го нападна кинескиот...