Мета: Нема да прифатам никаква закана по државните и националните интереси

Ги уверувам сите албански граѓани дека ќе продолжам да ги извршувам своите должности со максимална државна и уставна одговорност и нема да прифатам во ниту еден момент да бидат под закана државните и националните интереси на Република Албанија од кое било лице кое го злоупотребува делегираното овластување од албанскиот народ, порача денеска албанскиот претседател Илир Мета.

Оваа порака доаѓа по средбата со претставници на граѓански организации и на Академијата „Нашите корени“, на нивно барање, во врска со прашањето за определувањето на морската граница со Грција.

На објава на Фејсбук по средбата, Мета наведува дека тие ја изразиле нивната огромна загриженост во врска со „преговорите со Грција, за разграничување на морето меѓу двете земји“.

Изразувајќи разбирање за нивната висока чувствителност и откако гарантирал дека тој ќе продолжи внимателно да го слуша секој глас на граѓанското општество, Мета ги информирал присутните на состанокот дека премиерот Еди Рама не побарал и нема добиено никакво овластување од претседателот на Републиката.

– Актуелниот премиер Еди Рама не се консултираше, не побара, ниту пак има било какво овластување од претседателот на Републиката, согласно обврската која произлегува од одлуката на Уставниот суд од 2010 година, да преговара или да разговара со Република Грција во име на Република Албанија во врска со прашањето за обележување на поморските зони, уште помалку да одлучи или да се согласи ова прашање да се разгледува во кој било од меѓународните судови, наведува Мета.

Претседателот Мета ги информирал соговорниците за сите негови напори за решавање на ова многу важно прашање во однос на Уставот, одлуката на Уставниот суд и преку институционална соработка,наведувајќи дека побарал детални информации и целосна анализа од албанската Влада, согласно одговорностите кои и припаѓаат според закон.

– Бев, сум и останувам транспарентен соработник со Владата, Собранието и другите уставни институции, во корист на националниот интерес и ригорозната примена на Уставот. Уште еднаш ги потсетувам претставниците на институциите на сите нивоа на државната хиерархија, на обврската и одговорноста која ја имаат за целосната компатибилност на нивната активност, во служба на државните и националните интереси, истакна Мета.

Тој додаде дека тие мора строго да ги исполнуваат своите законски одговорности, во однос на Уставот на Република Албанија, на одлуката на Уставниот суд, меѓународните акти, во интерес на зачувување на територијалниот суверенитет, национална јурисдикција, гарантирање на безбедноста, економската и социјалната корист на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...