Борисов: Премиерот е секогаш премиер

Лидерот на ГЕРБ и актуелен бугарски премиер, Бојко Борисов, на прашање од Бугарската национална телевизија (БТВ) изјави дека „премиерот е секогаш премиер“, јави дописникот на МИА од Софија.



Борисов искоментира дека се уште не размислувал за тоа кој ќе го замени на функцијата и потсети дека Маријана Николова, која е вицепремиерка и министерка за туризам, ќе биде одговорна за спроведувањето на парламентарните избори.

Тој денеска го посети Димитровград, каде што изврши увид за тоа како се одвива вакцинацијата во помалите населени места и во градот посети и една фабрика за производство и трговија со хемиски производи.

Премиерот Борисов денеска беше придружуван од вицепремиерот Томислав Дончев, кој ќе ја предводи листата на ГЕРБ во Габрово за претстојните парламентарни избори, закажани за 4 април.

При посетата на фабриката за производство и трговија на хемиски производи во Димитровград Борисов соопшти дека владата предвиде речиси две милијарди лева (милијарда евра) за малите и средни претпријатија во земјата за технолошка модернизација, зелена транзиција и дигитализација, согласно Планот за обнова и одржливост на Бугарија.

Вицепремиерот Дончев посочи дека 900 милиони лева ( 450 милиони евра ) од планираните две милијарди лева се од Механизмот за обнова и одржливост, а преостанатите 828 милиони лева ( 414 милиони евра) се комплементарно приватно кофинансирање. Тој, исто така, предвидува дополнителна поддршка за јаглен и јаглерод-интензивните региони во вредност од речиси 2,4 милијарди лева ( 1,2 милијарда евра).

Премиерот Борисов истакна дека поддршката според зелениот договор ќе ја гарантира иднината на фабриката и ќе ги зачува работните места.

Менаџментот на компанијата се согласи дека таканаречената чиста транзиција кон климатска неутралност до 2030 година е исклучително важна за ЕУ ​​и ја изрази намерата да работат активно во оваа насока.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...