Захариева: Европската унија не функционира како Југославија

Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева денеска во интервју за бугарската телевизија БТВ потврди дека заедничкиот акциски план, како и одржувањето на престојната меѓувладина конференција биле темите за кои вчера во Софија разговарала со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.



Захариева, која вчера, како што соопшти бугарското Министерство за надворешни работи по средбата, ја потврдила принципиелната поддршка на Софија за европската интеграција на Северна Македонија, со исполнување на соодветни услови, денеска за БТВ изјави дека Бугарија нема да подлегне на притисокот од страна на Северна Македонија.

Захариева денеска со став и дека нема договор во однос на историјата, неколку клучни историски личности и за содржината на учебниците од периодот на Средниот век.

Како што јави диписникот на МИА од Софија, Захариева потврдила дека вчера во Софија со Османи разговарале за одржувањето на престојната меѓувладина конференција, но додала дека датумот на одржувањето треба да биде објавен од двете земји.

-Европската унија не функционира како Југославија, туку на друг начин и тоа и го кажуваме на Република Северна Македонија од 2019 година. Немаме впечаток дека оттаму очекуваат смена на Владата, рече Захариева.

Таа информира дека на средбата со Османи разговарале за Акцискиот план, за кој властите во земјава, повеќе пати досега напоменуваа дека е во финална фаза.

-Се надевам дека ќе постигнеме согласност во однос на протоколот за оценка за имплементација до моментов. На престојната седница треба да се одобри протоколот за отчетот на Комисијата. Тие денеска и утре пак ќе имаат состанок, рече Захариева, според која до моментов нема некаков резултат.

Бугарското МНР вчера соопшти дека Захариева на барање на Османи, кој транзитно патуваше преку Бугарија, остварила средба со него.

– За време на нивната неформална средба беа разгледани билатералните односи, европската перспектива на Република Северна Македонија и предизвиците со кои се соочуваме за време на пандемијата Ковид-19, се наведува во соопштението.

Според бугарското МНР, Захариева на средбата ја потврдила принципиелната поддршка на Софија за европската интеграција на Северна Македонија, со исполнување на соодветни услови.

– Двајцата министри ја разгледаа заедничката работа за исполнување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 година и разговараа за претстојното свикување на меѓувладината конференција, која ќе се одржи кога двете страни ќе го одобрат нацрт-протоколот. Бугарската страна посочи дека според Договорот од 2017 година, на идниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија треба да се направи целосен преглед на спроведувањето на Договорот, да се усвои годишен извештај за работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и да се посочат конкретни идни активности за соработка, се додава во соопштението.

Според Бугарското МНР, двајцата министри изразиле задоволство од конструктивниот тон во кој се водат разговорите меѓу нив и меѓу дипломатите од двете министерства и ја разгледале работата на конкретни проекти што ќе ја подобрат повзраноста меѓу двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...