Албанија воведува низа ограничувачки мерки

Албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по анализа на состојбата со Ковид-19, донесе одлука за воведување нови ограничувачки мерки за влез во земјата а го зголеми и времетрањето на полицискиот час, кои стапуваат во сила од први, односно шести септември.



-Почнувајќи од 1 септември, полициски час ќе трае од 23 до 6 часот, додека од од 6 септември, граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини мора да исполнуваат еден од следниве три услови: да поседуваат пасош за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест од 48 часа или потврда дека прележале Ковид, валиден до 6 месеци по заздравувањето, иформираше Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

Таа додаде дека овие правила важат и за сите оние кои транзитираат низ Албанија, додека децата до 6-годишна возраст не подлежат на овие правила.

-Албанските државјани кои постојано живеат во Албанија а кои се враќаат од престој во друга земја и немаат еден од горенаведените документи, мора да се изолираат 10 дена и да го известат здравствениот орган да изврши тестирање на крајот од периодот на изолација. По проценката на граѓанската одговорност за заштита на јавното здравје одлучивме да препорачаме воспоставување задолжителна вакцинација за групите кои се најзагрозени и особено од ширењето на инфекцијата, почнувајќи од медицински персонал, просветни работници и студенти, додаде таа.

Според неа очекуваат во септември кој е отворен месец за вакцинација оваа категорија граѓани да се имунизираат и до 30 септември да го достават сертификатот во нивниот колектив а за студентите во канцелариите определени од високото образование копија од картичката за вакцинација издадена од е-Албанија.

-По овој датум, за ониекои тоа нема да го направат, ќе биде потребно периодично тестирање на ПЦР за да се потврди инфективноста. Казната за периодично поднесување на ПЦР ќе започне по 30 -ти септември. Наредбата за употреба на маски во затворени простории, во трговски центри, супермаркети, продавници, јавен превоз и на сите оние места каде што не е обезбедено физичко дистанцирање останува во сила, псочи Ракацоли.

Во сите случаи кога не се почитуваат препорачаните мерки, ќе следуваат и казни. Така, за неносење маска во препорачаните простории следува парична казна во износ од 3.000 леки( 25 евра), доколку лицето е затекнато првпат, доколку пак непочитувањето е повторено казната е пет илјади леки.

Во случај бизнисите да не ги имплементираат протоколите препорачани од Институтот за јавно здравје, казните се од 100.000-700.000 леки (од 820 до 5.700 евра).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...