Вучиќ: Овде не се прават Голема Србија и Албанија, туку добри работи за граѓаните

Ја направивме најдобрата иницијатива, која ќе го смени ликот на Балканот, од чие име не се срамиме и која ќе донесе многу добро за граѓаните, изјави денеска во Тирана српскиот претседател Александар Вучиќ по Самитот на Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

На прес-конференцијата заедно со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, Вучиќ посочи дека е важно за учесниците да продолжат да работат на сите прашања, а со тоа и да се укинат даноците, а можеби и еден ден да се создаде царинска унија, да се избришат границите меѓу нас, како и да се привлечат повеќе инвеститори заедно.

Вучиќ рече дека кога пристигнал во Тирана видел дека го напаѓаат премиерот на Албанија, дека Отворен Балкан е иницијатива насочена кон создавање Голема Србија.

– Секојдневно ми кажуваат дека ова е иницијатива за создавање на Голема Албанија. Не се работи за Голема Србија, Голема Албанија или не знам каква Македонија, туку за тоа да не се изгубиме во дебатите меѓу минатото и сегашноста и во тоа да ја изгубиме нашата иднина. Се работи за тоа да можеме заедно да ја уредиме иднината на неспоредливо подобар начин, посочи српскиот претседател.

Вучиќ порача дека оваа иницијатива зборува како нашите земјоделски и индустриски производители, но пред се граѓаните на сите три земји, можат подобро да живеат во иднина и да имаме повеќе туристи.

– Доаѓајќи во Тирана и зборувајќи сега во името на сите граѓани на Србија, дојдов да му оддадам почит на секој човек во Албанија и Северна Македонија. Да кажам дека сите се секогаш добредојдени во Србија, дека Србија за нив е втор дом, како што ние мора да се чувствуваме добредојдени во Скопје и Тирана, истакна Вучиќ.

Тој изрази задоволство од потпишаните договори на Самитот, велејќи дека тоа е нешто за што се разговарало две години, а не можело да се договори поради безброј бирократски процедури.

Вучиќ нагласи дека е договорено на секој состанок да се повторува поканата до другите во регионот – Сараево, Подгорица и Приштина, да се приклучат на иницијативата.

– Но, за нас е многу важно денес да работиме за себе. Ќе ги привлечеме не со политички покани, затоа што би можеле политички да тераат инает, туку да направиме најмногу за нивното приклучување со конкретни работи. Ќе почнеме да зборуваме за тоа како да привлечеме туристи, како да создадеме посебен фонд за филмската индустрија, што е предлогот на Рама што го прифативме, спортските тимови да направат подготовки и како да ги намалиме цените на патарините за членките на иницијативата, потенцира претседателот на Србија.

Вучиќ додаде дека ќе се разговара и како да се обезбедат повеќе попусти во хотелите и рестораните за граѓаните на трите земји.

– Па да прашам дали ова не е најдиректна придобивка за сите вклучени во иницијативата. Затоа и се лутам на себе кога велиме дека треба да поканиме некого, како да не можеме да постоиме без некого. Ова го направивме со покажување на одговорност. Ја направивме најдобрата иницијатива, која ќе го промени ликот на Балканот, од чие име не се срамиме, што ќе донесе многу добро за граѓаните, објасни српскиот претседател во Тирана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој ранет терорист го однеле во болница со тешка рана во пределот на срцето. Типот преживеал, а докторите се собрале околу него и се чуделе каков медицински феномен е.
- Добро...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1516.- Умре шпанскиот крал Фердинанд Втори и...
1719.- Со обединувње на Вадуц и Шеленберг...
1744.- Умре италијанскиот филозоф, историограф и...
1783.- Во Гренобл е роден Мари Анри Бејл, познат...