Од Франција нема информации за нова предлог-рамката, Софија и Скопје молчат

Француските дипломати во седиштето на ЕУ не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.



Според информациите на МИА, процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Северна Македонија.

Македонската влада ги истакна своите црвени линии: јазикот, Уставот, протоколот, историјата, и рече дека е подготвена да разгледа нов предлог, доколку таков биде ставен на маса.

Медиумите информираа дека македонска делегација била во посета на Софија вчера, но никој не соопштува конкретни резултати по средбите.

Франција претседава со ЕУ до крајот на овој месец, уште два дена. Денеска се одржува состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел, но нема информација дека Бугарија и Северна Македонија се на дневен ред. Дипломатски извор од земја членка на ЕУ за МИА вели дека не слушнале ниту за нов француски предлог.

Топката, според ЕУ, е во рацете на Скопје и Софија. Доколку двете страни успеат да се усогласат ЕУ и француското претседателството би биле подготвени за нов обид, но шансите се чинат многу мали со оглед на тоа дека остануваат само два дена, а напредок меѓу двете страни нема според официјалните ставови.

Доколку до крајот на јуни нема напредок, прашањето се префрла кај следното претседателство, а тоа е Чешка, од први јули до 31 декември.

Албанија најверојатно ќе се обиде да издејствува одвојување од Северна Македонија, доколку нема напредок во преговорите со македонската страна, но никој не може во овој момент да гарантира дека Тирана ќе успее да добие такво одвојување, со оглед на инсистирањето на некои земји членки Албанија и Северна Македонија да одат во пакет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...