Рама за преговорите со ЕУ: Со години ја чекаме “невестата” од Брисел, но таа никогаш не дојде

Албанскиот премиер, Еди Рама, кој е во посета на Амстердам во разговор во познатиот центар “Де Бали”(De Balie) зборуваше и за преговорите со ЕУ и неотворањето на преговорите за Албанија и Северна Македонија.



И овој пат, со неговиот познат вокабулар, на прашањето ” што се случува меѓу Албанија и ЕУ”, вели дека Албанците чекале да дојде невестата од Брисел, не една, туку повеќе години, но таа никогаш не дошла.

– Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две, не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам ова со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува, рекол Рама според Ора њуз.

Тој уште  е со став дека преговорите требало да почнат пред повеќе години, можеби тоа ќе биде следната година, но, додава дека нема да добијат несоница поради тоа.

-Не знам, но колку пати има внатрешни проблеми, зборуваат за пиштол овде, за мафија таму, за Албанец овде, за некои момци што одгледуваат марихуана во јужниот дел на Албанија или Ротердам. Значи тоа е внатрешен процес на држење подалеку. Нема врска со тоа што го правиме ние, посочи тој.

Според Рама, ЕУ има Европска комисија која ,,се плаќа од фондовите на ЕУ, најголемата бирократска машинерија во целиот свет” која ја надгледува 24 часа секоја земја, а потоа изготвува извештаи за земјите кандидати за да ги презентира на земјите членки и подоцна да каже што треба да биде направено.

– Не е Бугарија во прашање, туку ЕУ  и начинот како функционира, кој е застарен и кој треба да се смени. Една земја која држи во заложништво две други земји е грешка, изјави Рама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...