Скопје и Софија заеднички бараат решенија за последиците од енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија имаше работна средба со премиерот на Република Бугарија Галаб Донев, по што беа одржани работни состаноци со ресорите од секторите економија и енергетика од двете земји.



Во состав на официјална делегација на работните состаноци присуствуваа министерот за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и Виктор Андонов, соработник за енергетика.

Од бугарска страна на состаноците беа присутни Николај Милков, министер за надворешни работи, Росен Христов, министер за енергетика, Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Нина Колева,шеф на политичкиот кабинет на премиерот, Андреј Техов, советник за надворешна политика на претседателот, Љубомира Ганчева, раководител на политичка канцеларија на министерот за енергетика, Славина Иванова, советник на министерот за енергетика и Владимир Малинов, извршен директор на „Булгартрансгаз“.

На средбата беше дискутирано за состојбата во енергетскиот сектор и кризата на светско ниво предизвикана од воената агресија врз Украина.

Двајцата премиери разговараа дека приоритет во преден план треба да биде фокус на решавањето на енергетската криза и недостигот на енергенси. По завршувањето на работните состаноци предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата премиери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...