Бугарија создава координативен центар за санкции против Русија



Софија, 20 септември 2022 (МИА) – Бугарија формира специјален координативен совет за санкции на предлог на вршителите на должност министри за надворешни работи Николај Милков и за правда Крум Зарков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Советот ќе биде одговорен за спроведувањето од страна на Софија на сите рестриктивни мерки наметнати од ЕУ. Неговото создавање се должи на санкциите против Русија воведени по воената инвазија на Москва на Украина на 24 февруари оваа година.

Советот ќе треба да им помогне на бугарските компании и граѓани да дознаат дали можат да работат или да стапат во односи со компании од санкционирани земји. Новиот совет треба да ги решава проблемите кои произлегуваат од спроведувањето на санкциите против властите во Русија. Координативниот совет ќе ги подготви и одлуките за нивно покренување за конкретни случаи.

Друга цел ќе биде да се следат можните обиди за заобиколување на санкциите против Русија преку трети земји.

Советот ќе има претставници од министерствата за економија, енергетика, надворешни работи и правда, Бугарската народна банка, Комисијата за финансиска супервизија и Државната агенција за национална безбедност.

Координатор на новиот владин совет ќе биде министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков. Тој ќе ја претставува Бугарија и во групата на ЕУ за прашањето за санкциите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој селанец сакал да ја помине реката со трактор, ама не знаел колку е длабока.
Здогледал некоја русокоса покрај патот.
- Невесто, рекава длабока е?
- Не!
Тргнал овој низ...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и...
1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата...
1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн...
1933.- Во Париз почна Светскиот младински...