Радев: Ќе ги обезбедам сите услови за да има време за дијалог меѓу партиите

Претседателот на Бугарија, Румен Радев најави дека на парламентарните партии ќе им ги обезбеди сите услови според Уставот, за да имаат доволно време за дијалог и разговори за формирање стабилно мнозинство за формирање влада на државата.



Радев идната недела по разговорите со партиите ќе соопшти кога ќе го свика 48. Народно собрание на Бугарија.

-Сега не е време за малодушност и за теснопартиски калкулации. На Бугарија и треба работен парламент, бидејќи на него почива нашиот уставен модел на управување. Време е да преземеме одговорност и за политичка храброст, рече Румен Радев.

Тој посочи дека резултатот од изборите не дава можност лесно да се коалицира, но луѓето очекуваат дијалог, разбирање, разум и изнаоѓање заеднички решенија и интереси, бидејќи на Бугарија и треба функционален парламент и стабилна влада.

-И овие избори, за жал, не успеаја да го прекинат трендот на отуѓување од партиите и од власта, рече тој.

Она што е позагрижувачки, според неговите зборови, е што „подигнувањето нови црвени линии и барањето на сите можни причини за одбивање на коалициите го издаваат стравот партиите да преземат одговорност за управувањето во зима“.

Според Радев, преодната влада за само два месеци изградила стабилна основа, од која следната редовна влада би требало да може да ја води земјата во текот на зимата без посебни потешкотии.

Шефот на бугарската држава денеска заминува за Прага за да ја претставува на првиот самит во формат „Европска политичка заедница“, обединувајќи 44 земји, јави БТА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...