Радев: Нападот на клубот во Охрид е апсолутно неприфатлив чин

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, го окарактеризира нападот врз клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид како апсолутно неприфатлив чин на агресија, која, вели, со децении се гаи во Северна Македонија против Бугарија и против Бугарите, јави дописникот на МИА од Софија.



Според Радев, државниот врв на Република Северна Македонија и општеството треба да разберат дека патот кон ЕУ минува низ признавањето и почитувањето на правата на македонските Бугари, на бугарското културно и историско наследство.

Ова, според Радев, е начинот на кој граѓаните на Република Северна Македонија ќе тргнат по патот по кој многупати изразиле дека сакаат да чекорат – со почит кон заедничката историја и заеднички длабоки историски корени.

Тој рече дека кога имало огромен притисок врз Бугарија безусловно да и дозволи на Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската унија, тогаш тој двапати наметнал вето и го покренал прашањето пред бугарските сојузници и партнери во Европската унија за правата на македонските Бугари.

Радев, во изјавата по отворањето на фабриката за автоделови во Враца, повторно порача дека нивните права прво треба да се гарантираат со внесување во Уставот на Република Северна Македонија и дури потоа да се отвори патот за преговорите.

Тој потсети дека овој став до последно го бранеле тој и бугарската дипломатија и додаде дека тогаш биле далекувиди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...