Вучиќ од Тирана: Подобро да сте за масата, отколку мени на масата

Во Тирана се одржува првиот самит на земјите-членки на Европската унија и земјите од Западен Балкан, на кој по неколкудневна неизвесност присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој на новинарите во Тирана им порача дека е подобро да се биде „за масата отколку на масата“, јави дописникот на МИА од Белград.



-Важно е, не само поради пријателството со Албанија и Отворен Балкан, секогаш е подобро кога сте на маса, дека ако не сте за масата, тогаш обично сте на мени и ова е добра можност да ги чувате интересите на Србија, изјави Вучиќ, во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Тој на новинарите им изјави дека Србија останува посветена на процесот на дијалог со Приштина и на процесот на европска интеграција, а во исто време штитејќи ги своите национални и државни интереси. Тој кажа дека дошол да го објасни ставот на Србија и да го слушне ставот на лидерите на ЕУ.

-Јас сум реалист, тука сум да научам многу од луѓето од ЕУ, да ги слушам и конечно да ја објаснам позицијата на Србија.

Вучиќ повтори дека властите во Србија се свесни за обврските што ги презеле во рамките на евроинтеграциите, дека е свесен дека Србија се обврзала да ги усогласи своите одлуки со одлуките на Европската унија, но нагласи и дека територијалниот интегритет на Србија бил прекршен „на најлош можен начин во 1999 и 2008“ и дека и за тоа ќе разговара со претставниците на ЕУ.

На новинарско прашање да ги коментира критиките дека Србија е премногу блиска до Русија, Вучиќ рече дека Србија е независна земја на европскиот пат и така ќе остане.

-Србија е независна земја. Ако на некои им е полесно да не критикуваат и да кажат дека сме блиску до Русија, тоа е она што Лајбниц го нарече ‘доволна причина’ – да критикуваш некого кога ништо немаш да додадеш, кажа Вучиќ.

-Верувам дека сите прочитавте, а некои и напишаа, дека Србија во последните осум, девет месеци се подготвуваше, по инструкции на Руската Федерација, да нападне други земји на Балканот, да предизвика нестабилност и неизвесност. Ние тоа го демантиравме, не со изјави и декларации, туку со дела, порача српскиот претседател.

Вучиќ најави дека одделно ќе се сретне со премиерката на Италија и со премиерите на Холандија и Белгија.

Тој веќе се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

-Имав многу добар разговор со Урсула фон дер Лајен. Се заблагодарив за 165 милиони евра помош за српскиот енергетски сектор и разговарав за сите актуелни прашања меѓу Србија и ЕУ, напиша Вучиќ на Инстаграм, со фотографија од средбата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...