Српската опозиција го прекина обраќањето на Вучиќ во Парламентот и предизвика инцидент

Претставници на српската опозиција, за време на денешната седница во Парламентот, посветена на Косово, предизвикаа инцидент и го прекинаа излагањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за европскиот предлог за решение за односите со Косово.



Говорот на Вучиќ беше прекинуван со извици „Предавство“ и „Косово е Србија“, по што тој ја обвини опозицијата дека таа веќе го дала Косово.

- Го подаривте Косово! Ние го браниме Косово од такви како вас! Срам да ви е, лажговци!“ извика српскиот претседател.

Вучиќ ја обвини опозицијата дека најмногу ракоплескала кога се споменувало името на поранешниот претседател на Србија, Воислав Коштуница.

Во исто време пратениците извикуваа, пееја и свиреа за да го спречат Вучиќ да зборува.

На инцидентот му претходеше говор на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој повика на отфрлање на француско-германскиот план, сакајќи, како што наведе, „да го спречи претседателот да ја предаде Србија“.

Во Собранието на Србија работата беше накратко прекината, бидејќи по вербалниот конфликт меѓу опозицијата и претседателот Вучиќ дојде и до куса физичка пресметка.

Помала група луѓе се собрааа пред српскиот Парламент во моментот додека трае седницата за Косово, која, според претседателот на Собранието Владимир Орлиќ, ќе продолжи и по 18 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...