Деветмина уапсени во БиХ за детска порнографија

Девет лица се уапсени денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение дека искористувале деца за порнографија, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Апсењата ги извршиле припадници на одделот за високотехнолошки криминал на Управата на криминалистичка полиција на ентитетот, во соработка со полицијата од Бјелина, Добој и Бања Лука.

Полициските рации се извршени на осум локации што ги користеле уапсените и каде, како што се сомнева, се сторени кривичните дела. Одземени се компјутери, таблети, телефони и мемориски и сим-картички.

Освен за детска порнографија, уапсените се товарат и за перење пари и недозволено поседување оружје.

Локалните медиуми објавија дека уапсените извршиле кривични дела со посета на веб-страници кои содржеле материјали со фотографии од детска порнографија. Преземале фотографии и видеа од тие страници, ги зачувувале, а потоа ги споделувале преку социјалните мрежи и апликации.

Ваквите снимки ги рекламирале на социјалните мрежи и преку „Пеј Пал“ ги продавале на други лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Некој крупен маж земал ситна жена, па другарите го прашуваат:
- Добро бе, каков ви е сексот, кога сте толку различни?
- Абе, јас си лежам, она е одозгоре, па јас ја држам и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е шкотскиот економист Адам Смит, кој...

1819.- Роден е англискиот астроном и математичар...

1826.- Во Лондон умре Карл Марија Вебер,...