Столтенберг: НАТО е подготвен да распореди уште повеќе војници во Косово

НАТО е подготвен да распореди уште повеќе војници во Косово за да го задуши насилството на етнички поларизираниот север, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, додавајќи дека првото засилување од 700 војници е на пат натаму.

- НАТО ќе остане буден. Ќе бидеме таму за да обезбедиме безбедна и заштитена средина, но и да ги смириме и намалиме тензиите, изјави Столтенберг на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.

Немирите во северно Косово се интензивираа откако албанските градоначалници ја презедоа функцијата во областа со мнозинско српско население по изборите во април кои беа бојкотирани од Србите.

НАТО одлучи да ја засили својата мисија од 4.000 војници во регионот со 700 дополнителни војници, откако во понеделникот беа повредени 30 членови на КФОР и 52 српски демонстранти.

Столтенберг го нарече насилството врз војниците на НАТО „целосно неприфатливо“ и рече дека сојузниците подготвуваат повеќе војници во случај НАТО да има потреба да испрати дополнително засилување во регионот.

- Нашата порака и до Белград и до Приштина е дека тие мора да се приклучат, со добра волја, на дијалогот со посредство на ЕУ, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...