Од ЕУ ја демантираа изјавата на Курти за презентирањето на предлогот за спроведување на договорот

Официјални лица на ЕУ ги отфрлија наводите на косовскиот премиер Албин Курти дека единствено тој излегол со предлог за спроведување на постигнатите договори на последната рунда од дијалогот во Брисел, јави дописникот на МИА од Белград.

-Изјавата на премиерот Курти дека неговиот предлог бил единствениот на маса е едноставно неточна, изјави неименувано официјално лице во Брисел, пренесува РСЕ.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по средбата изјави дека косовскиот премиер не го прифатил компромисниот предлог на ЕУ.

Курти, пак, изјави дека на средбата „ниту српската, ниту бриселската страна немале документи како предлог“.

Извори од Брисел тврдат дека на двете страни уште во јуни им бил претставен предлог за редоследот на спроведување на Охридскиот договор.

После тоа, според овие извори, специјалниот европски претставник за дијалог Мирослав Лајчак имал „седум рунди одвоени разговори со двете страни за овој предлог“.

Но, истите извори, пишува РСЕ, кои ги демантираа изјавите на косовскиот премиер не одговорија на новинарските прашања дали ЕУ на средбата одржана на 14 септември излегла со конкретен документ.

Документот, за кој европската страна тврди дека на јунскиот состанок им бил претставен на страните датира од 19 јули.

Во овој документ, до кој новинарите имаа пристап, се предвидува дека процесот на спроведување на договорот за патот кон нормализација на односите ќе започне по почетокот на процесот на преговори за статутот на инструментите за самоуправа на косовските Срби, што практично значи работење на формирањето на Заедница на општини со српско мнозинство на Косово (ЗСО).

По ова, како што се наведува во документот, Србија повеќе нема да инсистира на употреба на фуснота или учество на Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК) на регионалните форуми.

Потоа, се предвидува завршување на преговорите за статутот на инструментот за самоуправа на косовските Срби.

Следниот чекор во процесот би бил страните да не се мешаат меѓусебно во внатрешните работи и да се воздржат од каква било форма на насилство или закани за насилство.

Според предлогот на ЕУ, ќе следи воспоставување инструменти за самоуправа, по што ќе следи укинување на структурите со кои раководи Србија во Косово и нивна транзиција, по потреба, според истиот инструмент.

Потоа би следело признавање на соодветните документи и национални симболи.

По овој чекор, документот предлага да се постигне договор за обврзувачка мапа на патот на спроведување на неисполнетите обврски кои произлегуваат од претходните договори за дијалог.

Следната точка предвидува официјализирање на статусот на Српската православна црква на Косово, по што би следеле практични аранжмани за размена на постојани мисии.

По ова, според европскиот предлог, Србија не би се спротивставила на членството на Косово во ниту една меѓународна организација, а потоа Косово би ги завршила внатрешните процедури за заштита на српските објекти од верско и културно наследство.

На самиот крај се предвидува и отпочнување преговори за правно обврзувачки договор за сеопфатна нормализација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Колегите го прашуваат Трпе што и земал на девојката за роденден.
- А бе имаше само 500 денари во новчаникот, да имаше повеќе и тие ќе и ги земев.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на дијабетесот
565.- Умре византискиот цар Јустинијан I ...
1263.- Умре Александар Невски, новгородски кнез,...
1533.- Шпанските освојувачи под командата на...