Опозицијата во Србија против таксата на РТС

Претставниците на српската опозиција најавија дека на денешната седница во Собранието ќе гласаат против зголемувањето на таксата за Јавниот медиумски сервис-РТС од 299 на 349 динари (3 евра), бидејќи сметаат дека тоа е „пропаганден билтен на власта на Александар Вучиќ“, јави дописникот на МИА од Белград.

Пратениците на Народното движење на Србија, Зелено левиот фронт, Партијата за слобода и правда (СПП), Еколошкото востание, коалицијата НАДА и движењето Ние-сила на народот-Бранимир Несторовиќ изражаа низа приговори за известувањето на Радио- телевизија на Србија (РТС) во своите информативни програми, „цензура на секое критичко мислење“, како и „промовирање на коцкањето во рекламите“.

Далибор Јекиќ од ССП рече дека „РТС треба да го смени логото во Српската напредна странка-СНС, бидејќи е билтен на таа партија“, Бранко Лукиќ од движењето на Несторовиќ оцени дека РТС не го заслужува името на јавен сервис, додека пратеникот Бранко Лукиќ, од „Ние сила на народот-Бранимир Несторовиќ“, најави дека ќе гласа против зголемувањето на претплатата на РТС бидејќи смета дека јавниот сервис треба да обезбеди пристап на сите политички актери.

Министерот за труд, вработување, бранители и социјала Немања Старовиќ во дебатата кажа дека за него е разбирливо опозицијата да биде против предлогот што подразбира зголемување на претплатата дури и кога станува збор за минимално зголемување за 50 динари, но дека потребно е да се обезбеди стабилен начин на финансирање на РТС.

Тој додаде дека ако некој има причина да биде незадоволен од уредувањето на РТС, тоа се членовите на Владата како и неговите колеги кои се пратеници на владејачката коалиција СНС-СПС, но смета и дека не е добро да се изнесуваат неточни податоци.

-Мора да знаеме дека РТС и РТВ ја одредуваат својата уредувачка политика на сосема независен начин и дека на тоа не можеме да влијаеме ниту ние од владата, ниту од владејачката коалиција, како ни опозицијата, рече Старовиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...