Коштуница ја осуди независноста на Косово

Српскиот премиер Воислав Коштуница во обраќањето до нацијата го осуди денешното едногласно прогласување на независноста на Косово, нарекувајќи го „лажна држава“.

- Денеска незаконски беше прогласена лажна држава Косово, на оној дел од територијата на Србија, кој е под воена контрола на НАТО. До ова незапаметено беззаконие дојде поради деструктивната, суровата и неморалната политика на сила, што ја спроведуваат САД, изјави Коштуница.

- Со овој чин целиот свет дозна дека САД ја ставаат силата над Повелбата на Обединетите нации и оти се подготвени самоволно, безобѕирно и грубо да го нарушат меѓународниот поредок поради своите воени интереси.

Според Коштуница САД со примена на слепа сила ја натерале Европската унија да ги погази принципите врз кои и самата почива.

Тој оцени дека Европа денеска и „самата ја наведнала главата“, поради што ќе биде одговорна за сите далекусежни последици, „кои ова насилство ќе ги има врз европскот и светскиот поредок“.

- Претседателот на САД, кој е одговорен за ова насилство и неговите европски следбеници со црни букви ќе бидат впишани во историјата на Србија, но и во светската историја на меѓународното право, порача српскиот премиер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му вика на Хасо.
- Хасо дојди вечер со жена ти кај мене, ќе организирам групен секс.
- А колку души планираш?
- Па, ако дојде и жена ти - тројца.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и...
1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата...
1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн...
1933.- Во Париз почна Светскиот младински...