Инцидент пред амбасадата на САД во Белград

Пред амбасадата на САД во Белград вечерва се случи инцидент, кога неколку стотици млади луѓе започнаа да фрлаат камења и факели кон зградата и да  демолираат автомобили, јави Б92.

Српските полициски сили се обидуваат да спречат поголеми инциденти.

Претходно демонстрантите ја блокираа Улицата Кнез Милош и сообраќајот околу Амбасадата и кратко се задржаа пред зградата на Владата на Србија протестирајќи против независноста на Косово.

Помали протести има и во Ниш и во Бања Лука.

До инцидентите дојде и покрај тоа што учесниците на протестот најавија дека „деноноќно ќе го блокираат сообраќајот, но дека нема да ја напаѓаат зградата на амбасадата и оти протестот ќе го одржуваат со пеење српски песни“.

Учесниците во протестот носат знамиња на Србија и пароли „Косово е Србија“, „Не го даваме Косово“... го скандираат името на поранешниот лидер на босанските Срби и хашкиот обвинет Ратко Младиќ и пејат патриотски и песни посветени на Косово.

На насобраните им се обрати претседателот на Здружението на киднапираните заробеници и убиени на Косово Симо Спасиќ, кој изјави дека се работи за спонтано собирање за да се изрази незадоволство поради тоа што „Америка на Албанците им даде држава“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му вика на Хасо.
- Хасо дојди вечер со жена ти кај мене, ќе организирам групен секс.
- А колку души планираш?
- Па, ако дојде и жена ти - тројца.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и...
1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата...
1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн...
1933.- Во Париз почна Светскиот младински...