Инцидентот со австралискиот патнички авион се должи на компјутерска неисправност Сиднеј, 8 октомври (МИА) - Компјутерска грешка можеби е причината за ненадејното губење на височината на австралискиот патнички авион вчера, кој летал од Сингапур за Перт, при што 46 патници се здобија со повреди.
Патниците од летот 72 на австралиската компанија „Кантас“ изјавија дека авионот Ербас А330 загубил околу 2.440 метри само за десет секунди. Подоцна авионот принудно слета во воената база Лиермант на 1.260 километри од австралискиот град Перт.
Директорот на Австралиското биро за безбедност на транспортот Џулиан Волш изјави дека екипажот на авионот добил сигнал за неисправност во контролниот хоризонтален стабилизатор, непосредно пред ненадејното губење на височината.
Ниту од еден од повредените патници не е во животна опасност.
Марк Бел, еден од патниците, рече дека на „страотната сцена“ не и претходело никакво предупредување. - Детето, кое седеше до нас, оденднаш се залепи на таванот и стоеше таму три секунди, додека неговиот татко не го повлече на седиштето, рече тој.
|