Израел го одобри планот за преземање на градот Газа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска го одобри планот на израелската армија за преземање на град Газа, наречен „Кочиите на Гидеон II“. Планот му беше презентиран од началникот на Генералштабот Ејал Замир и високото воено раководство.

На состанокот присуствуваа и заменик-началникот на Генералштабот Тамир Јадај, раководителите на военото разузнавање, воените операции, координацијата на владини активности во териториите, како и претставници на службата за безбедност Шин Бет.

Операцијата се смета за продолжение на „Кочиите на Гидеон I“. За потребите на подготовката, армијата испратила околу 50.000 нови покани за резервисти, покрај веќе мобилизираните. Подготвени се и планови за евакуација на цивили од јужниот дел на градот, со цел изолација на борците на Хамас.

„Оперативното планирање продолжува како и обично. Решени сме да ја спроведеме одлуката на кабинетот за преземање на градот Газа, освен ако не биде претставена рамка што предвидува ослободување на сите заложници и крај на војната под условите поставени од премиерот,“ изјави висок израелски функционер за „Вашингтон пост“.

Одобрувањето на планот доаѓа и покрај тоа што Хамас поддржа предлог за ослободување на 10 заложници во замена за двомесечно примирје. Израелските власти сигнализираа дека ќе одбијат бидејќи предлогот не се однесува на сите 50 заложници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...