ФЗО: Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи и информира дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции. Во однос на неодамнешните тврдења за наводни непотребни медицински интервенции, изнесени во јавноста, ФЗО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на транспарентноста, почитувањето на законите и заштитата на правата на пациентите.



Од ФЗО нагласуваат дека „со должно внимание“ ги следи сите прашања поврзани со квалитетот, безбедноста и законитоста на здравствените услуги што им се обезбедуваат на осигурениците и апелира до сите чинители во здравствениот систем, како и до јавноста, „за одмерена и аргументирана комуникација заснована на проверливи факти, со цел зачувување на довербата во здравствениот систем и избегнување на генерализации што можат да предизвикаат сензационализам“

-Фондот ја истакнува важноста на придржувањето кон професионалните стандарди, медицинската етика и принципите на медицина заснована на докази, кои претставуваат темел на здравствениот систем. Во рамки на своите законски надлежности, ФЗО врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи, со цел да обезбеди здравствените услуги да се изведуваат во согласност со законските прописи и склучените договори. Во сите установи се вршат редовни годишни контроли, а Фондот постапува и по поднесени претставки на пациенти или по сопствен наод. Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, додека по сопствен наод Фондот има извршено девет контроли за приватно наплатени средства, се вели во соопштението од ФЗО.

ФЗО, сепак посочува дека нема законска надлежност да ја оценува медицинската оправданост на изведените интервенции, ниту да врши инспекциски надзор врз стручната работа на здравствените установи, укажувајќи дека овие надлежности се во доменот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат или на специјални комисии формирани од министерот за здравство.

Фондот, во рамки на своите овластувања, посочува дека ќе продолжи да работи на спречување на евентуални неправилности во користењето на финансиските средства и дека останува посветен на заштитата на правата на осигурениците и на обезбедувањето квалитетни здравствени услуги.

Министерството за здравство, претходно соопшти дека веќе се координира за проверка на тврдењата споделени во јавноста за можни непотребни медицински интервенци, како и спроведување на итни и вонредни надзори со цел добивање на целосната слика, откако кардиологот Сашко Кедев по гостување на Канал 77, изјави дека во приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел да се стекне поголем профит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...