Парламентарното Собрание на Советот на Европа изрази разочарување поради непоканувањето негови набљудувачи за изборите во Бугарија

Стразбур, 22 јуни (МИА) - Парламентарното Собрание на Советот на Европа денеска изрази разочарување поради тоа што Бугарија до сега не испратила покана до Асамбелјата за следење на претстојните избори за членови на бугарското Народно собрание.

Во ваквата постапка Парламентарното Собрание на Советот на Европа гледа јасен случај на недостиг на соработка од страна на Софија, се наведува во соопштението на оваа паневропска организација.

Асамблејата потсетува дека на 27 април донела одлука за формирање на 20-члена набљудувачка мисија за мониторинг на парламентарните избори во Бугарија, закажани за 6 јули, за што ги известила и властите во Софија.

Тоа што се уште немаме добиено покана е доказ дека Бугарија не сака меѓународен мониторинг на функционирањето на нејзината демократија во овој важен момент, се истакнува во соопштението.

За овој случај Парламентарното Собрание го известило и Постојаниот комитет на Советот на Европа, кој би можел да воведе санкции кон Бугарија. Не поканувањето на мониторинг мисијата за бугарските парламентарни избори ќе биде и тема на заседанието на Парламентарното собрание во октомври, се наведува во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Трпе на гинеколог.
- Еве ви ја жената докторе, ако може да и ја проширите малку.
Докторов со задоволство го прифатил тоа, отишол во другата соба и завршил работа.
Ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1915.- Во селото Битуше, гостиварско, роден е...
1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа...
1942.- Почна Сталинградската битка меѓу...
1992.- Во Скопје е формирана Комора на...