31 загинати во поплавите во Истанбул

Истанбул, 9 септември (МИА) - Бројот на загинати во поплавите предизвикани од обилните дождови што вчера и денеска го зафатија Истанбул, се искачи на 31 лице, објавија попладнево турските медиуми.

Спасувачките екипи попладнево во неколку камиони и возила на патот што води од Истанбул кон меѓународниот аеродорм „Ататаурк“, пронашле тела на шест удавени лица. Покрај ова во истиот регион, пронајдени се уште и телата не еден чувар на паркиралиште и на еден овчар. 

Си-Ен-Ен Турк јави дека седум лица се удавиле кога надојдената вода однела еден минибус во истанбуласката населба Халкал. Во истата населба две лица се удавиле во еден текстилна фабрика.

Во акциите за спасување на настраданите лица се вклучени околу 900 пожарникари и припадници на Цивилната заштита.

Турскиот претседател Абдула Ѓул оцени дека ова е досега најтешка поплава што го погодила Истабанул, нагласувајќи дека сите државни органи „се на нога“.

Се проценува дека поплавата предизвикала штета во висина од 70 до 80 милиони евра.

Метеоролозите најавија дека во следниве два дена обилните врнежи ќе се поместат на исток и ќе ослабнат, но дека во сабота и во недела Истанбул повторно ќе се најде на удар на силен дожд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...