Словенија и Хрватска постигнаа договор за границата

Љубљана, 11 септември (МИА) - Словенија и Хрватска на денешниот премиерски состанок во Љубљана постигнаа договор за продолжување на хрватските пристапни преговори со Европската унија и за решавање на пограничниот спор со посредство на ЕУ.

Словенија денеска соопшти дека е подготвена да го повлече ветото кое го стави на преговорите на Хрватска за приклучување кон ЕУ.

Хрватската премиерка Јадранка Косор во изјавата испратена до шведското претседателство наведе дека ниту еден документ, став и писмена или усмена изјава во хрватскиот преговарачки процес со Брисел не ја прејудицира хрватско-словенечката граница.

- Ниту еден акт или едностран чекор по 26 јуни 1991 година нема правно значење во решавање на спорот за границата, било да е за арбитражниот суд или за текот на преговарачкиот процес, истакна Косор.

И Косор и нејзиниот словенечки колега Борут Пахор наведоа дека решавањето на граничниот спор ќе продолжи во рамките на ЕУ од таму од каде беа прекинати на 15 јуни годинава.

- Владата набрзо ќе им предложи на парламентарните комисии, Словенија да ги повлече ограничувањата врз процесот за преговорите на Хрватска со Унијата, изјави денеска словенечкиот премиер Борут Пахор по разговорите со хрватскиот колега Јадранка Косор.

Словенија во 2004 година стана првата поранешна југословенска република што се приклучи кон ЕУ, ги блокира хрватските преговори за присоединување во Унијата од декември минатата година.

Европската унија го поздрави денешениот договор меѓу Љубљана и Загреб, додавајќи дека Хрватска ќе може да ги продолжи предпристапните преговори со ЕУ.

- Го поздравува,е тоа што е направено. Тоа значи дека ЕУ може да продолжи со пристапниот процес на Хрватска, изјави премиерот на Шведска, Фредерик Рајнфелт, чија земја е претседавач со Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...