Спорот го решија туризмот и соработката со Министерството за здравство

Загреб, 14 септември (МИА) - За решавање на хрватско-словенскиот граничен спор не се заслужни тихата дипломација и притисокот на европските земји, туку туризмот и соработката на двајцата министри за здравство, смета „Њујорк Тајмс“.

Планот на Европската унија за прием на Хрватска во ЕУ и стабилизирање на Балканот  во неделата ја совлада големата пречка откако хрватската Влада се договори со словенечката околу решавањето на граничниот спор пишува „Њујорк Тајмс“.

- По десет месеци напнати дипломатски судири завршен е договорот, според кој Словенија, која веќе е членка на ЕУ се обврза да ја повлече својата блокада на хрватските пристапни преговори, а тоа случување има и поголемо значење затоа што додека хрватските преговори беа блокирани, широката амбицијата на ЕУ за стабилизирање на Балканот исто така беше сопрена, пишува весникот.

Одмрзнувањето на односите кои доведоа до договор доби веќе крила после августовските случувања кои пред туристичката сезона стигна на насловната страна и кој помогна да се сопре се повеќе поларизацијата на расположение во двете држави, како и резултат на несложувањето околу државните граници во Пиранскиот залив, пишува весникот.

Словенечкиот министер за здравство Борут Миклавчич после нуркачкиот излет во Примоштен почнал да се чувствува лошо и се пријавил во шибенската болница, каде веднаш му е пружена помош поради благиот мозочен удар. Миклавчич веднаш го посетил неговиот хрватски колега Дарко Милиновиќ, а после враќањето во Словенија Миклавчич јавно го фалеше хрватскиот здравствен систем.

Њујоршкиот весник, исто така, се повикува на политичките аналитичари кои рекоа дека при многубројните посети на словенечките туристи на спектакуларната хрватски брег им стана јасно дека Хрватите се добри домаќини, дека тоа ги потсети Хрватите дека словенечките туристи се битни за нивната економија и оти двете страни сфатија дека со несогласувањето всушност повеќе губат отколку што добиваат. Еден од клучните причини заради кои се добро помина е причината дека за време на годишните одмори словенечките туристи не им се случило ништо лошо, пишува весникот.

Граничниот спор датира од 1991 година кога двете земји прогласија независност од поранешната Југославија, а главно се сведува на Пиранскиот залив.

Хрватска бара поморската граница да биде повлечена на средината на заливот, а Словенија која има многу покус брег од соседите се плаши дека тоа би можела да го загрози патот до отвореното море на нивните бродови, пишува весникот.

Премиерите на Хрватска и Словенија Јадранка Косор и Борут Пахор во петокот се согласија околу укинување на блокадата на преговорите меѓу двете земји и преговорите на Хрватска со ЕУ.

Хрватска се откажа од сите ставови и документи кои би ја прејудицирале границата и ја повика Шведска како претседавач со ЕУ да свика конференција на која би се отвориле и затвориле некои поглавја на преговорите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...