Се очекуваат големи нереди на геј парадата во Белград

Белград, 15 септември (МИА) - Српските служби за безбедност оценуваат дека на 20 септември десничарските организации, здруженијата на родители и фудбалски навивачи ќе се обидат по насилен пат да го спречат одржувањето на геј парадата, доколку во меѓувреме организаторите сами не го откажат настанот, пишува денеска српскиот весник „Политика“.

Претставниците на групите на навивачи и некои крајнодесничарски организации изјавија дека нема да организираат насилен контрапротест, туку само ќе излезат на улиците и со мирен протест ќе го покажат своето незадоволство од геј парадата, додека некои други организации во изјави за „Политика“, изнесоа отворени закани.

- И едните и другите сепак се согласни дека не можат да го гарантираат однесувањето на секој од нивните симпатизери и оти со сигурност нема да дојде до судири, пишува весникот.

„Политика“ вчера добила увид во оценката на српските служби за безбедност за „Парадата на гордоста“. Во документот се наведува дека службите за безбедност очекуваат дека во Белград ќе пристигнат голем број прирзаници на десничарски организации и навивачи од цела Србија и од Република Српска.

Нивните податоци, пишува весникот, покажуваат дека освен очекуваните физички пресметки со претставници на геј заедницата, навивачите на „Црвена ѕвезда“ и на „Рада“ планираат и напад врз полицајците, кои ќе ја обезбедуваат геј парадата.

Групи навивачи, според српските служби за безбедност, ќе предизвикаат инцидент во центарот на градот, со цел да го одвлечат вниманието на полицијата и тоа ќе го искористат за судир со учесниците во парадата.

Приврзаниците на националистичките организации „Образ“, „Движење 1389“ и „Наши“ според информациите на службите за безбедност, планираат остро да се справат со учесниците во парадата. Нивните членови ќе се измешаат со учесниците на парадата, за да може во определен момент да предизвикаат нереди во текот на парадата.

Учесниците во контрапротестот, според службите за безбедност, ќе носат со себе камења, факли, молотови коктели, солзавец и петарди.

Оценето е дека е можно да има голем број повредени цивили и полицајци, но и голема материјална штета.

Службите за безбедност располагаат и со информации дека за време на парадата може да дојде до напади врз државните институции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...