Два пати се извлечени истите шест лото броеви

Софија, 17 септември (МИА) - Бугарскиот министер за спорт Свилен Нејков, вчера покрена истрага откако исти шест броеви беа извлечени на Националната лотарија, две недели по ред.

Веројатноста тоа да се случи е 1 спрема 4,2 милиони, објасни математичарот Михаил Константинов и дополни дека „сепак е можно да се случи тоа“.

Броевите 4, 15, 23, 24, 35 и 42 извлечени се пред телевизиските камери на 6 септември, а потоа и  четири дена подоцна, иако по друг редослед. На третото извлекување извлечени се три од тие шест броеви.

Потпретседателската на бугарската лотарија Марија Јанева изјави дека „секое местење на извлекувањето е исклучено“.

Во првото извлекување немаше добитници, додека во второто 18 лица имале лото ливчиња со победничките броеви и добиле по 10.164 лева (5.197 евра).

Последниот џек-пот на бугарската лотарија вреден 3,8 милиони лева (1,94 милиони евра) извлечен е во јануари 2008 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...