„Мини Дејтон“ за излез од кризата во БиХ

Сараево, 9 октомври  (МИА) - Во воената база Бутмир кај Сараево денеска ќе се одржи средба на лидерите на осумте најголеми партии во Босна и Херцеговина, на која ќе присуствуваат и претставници на САД и Европската Унија.

Темите на овој т.н. „Мини Дејтон“ не се однапред соопштени, но како што најави еврокомесарот за проширување Оли Рен, ќе се разговара за „севкупните реформи во БиХ, но и за реформите на Уставот“.

Средбата ќе се одржи зад затворени врати, во, како што оценуваат сараевските медиуми, амбиент на тајност и бројни претпоставки.

Собирот неформално започна синоќа со работна вечера на учесниците, на која, според неофицијални информации, претставниците на САД и ЕУ на босанските лидери им предложиле пакет мерки за надминување на политичката криза во земјата.

Меѓутоа, премиерот на Република Српска Милорад Додик во изјава за телевизијата БН нагласи дека босанските лидери на вечерата „не виделе никаков документ за платформата на конференцијата“.

- Тоа беше еден формален состанок на кој говореа само претставниците на САД и ЕУ. Локалните политичари не зборуваа. Никој не ни даде никаков документ, дури мислам и дека нема некои предлози и дека тие можеби сега ќе бидат конципирани, изјави Додик, кој воедно е и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД).

Лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), Силејман Тихиќ изјави дека на средбата ќе ги изнесе веќе познатите ставови и идеи.

- Кога се во прашање уставните реформи - тоа е ефикасна и функционална државна структура, која ќе подразбира и инструменти на деблокада, бидејќи сега постојано сме изложени на блокади на институциите. Тоа значи држава која може да ги исполни обврските за членство во ЕУ и НАТО, нагласи Тихиќ.

За разлика од ова лидерите на босанските Срби велат дека не се расположени да разговараат за Уставот на БиХ. Според Додик, босанските Срби се заинтересирани за затворање на Канцеларијата на високиот претставник на меѓународната заедница, но дека би прифатиле да се разговара и за други значајни прашања.

- Ние не сме подготвени да разговараме за нешто што моментно или долгорочно би загрозило која било функција во Република Српска, потенцира Додик.

Претставниците на босанските Хрвати пак се залагаат за уставни промени, кои според нив, ќе обезбедат рамноправност за Хрватите. Тие сепак не очекуваат до решение за Уставот да се дојде преку ноќ.

Претставниците на меѓународната заедница во БиХ предупредија дека „сите лидери во БиХ ќе мора да проголтаат некои работи кои може нема да им се допаднат“, но крајниот резултат е дека „сите ќе бидат победници“. 

Навестување за промени вчера искажа и високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, кој порача дека државата мора да се подготви да застане на свои нозе. Тој најави и дека оваа недела „веројатно ќе бидат преземени чекори во насока на окончување на статусот на протекторат“ во БиХ. 

- Босна би требало да се подготви за период без висок претставник. Државата би требало самостојно да стои, да оди без помагала, изјави Инцко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...