Бутмир може да ја приближи БиХ кон ЕУ

Сараево, 20 октомври (МИА) - Еврокомесарот за проширување Оли Рен изјави оти верува дека денешниот состанок во Бутмир и продолжувањето на дијалогот меѓу политичките лидери во БиХ, под закрила на ЕУ и САД, ќе доведе до договор што ќе го олесни настојувањето на земјата што побрзо да поднесе барање за членство во Унијата.

Рен по состанокот со претседавачот на Советот на БиХ Никола Шпириќ и со шефот на делегацијата на Европската комисија во земјата Димитрис Куркулас, вчера истакна дека политичките лидери во Босна би требало да дадат се од себе разговорите во Бутмир да бидат успешни.

- Важно е да се исполнат сите услови за премин на Канцеларијата на високиот претставник во специјален претставник на ЕУ, што е еден од предусловите за статус кандидат во ЕУ, рече Рен и додаде дека „треба да се воведат измени во Уставот на БиХ, за да се подобри структурата на одлучување во преговорите со ЕУ“.

Меѓу условите кои БиХ треба да ги исполни за да го забрза патот кон ЕУ, еврокомесарот го наведе јакнењето на структурата на земјата и додаде дека доколку сите услови бидат исполнети, предлогот за влез на БиХ на белата шенген листа може да биде поднесен следната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...