Политичарите во БиХ не се заинтересирани за својата земја

Брисел, 22 октомври (МИА) - Европратеничката Дорис Пак после неуспешниот  состанок во Бутмир, изјави дека смета дека политичарите во БиХ воопшто не се заинтересирани да и помогнат на својата земја да стане демократска и целосно функционална држава.

Според зборовите на Пак, ни невладините организации не го одработиле својот дел од работата затоа што нивната улога е токму вршење  притисок врз политичките претставници во таа земја, пренесува „Дојче Веле“.

- Да сум јас во позиција на босанските Хрвати, Срби или Бошњаци, би излегла на улица! Би барала од другите да тргнат со мене и така да им објаснат на политичарите во Мостар, Сараево, Бања Лука дека мораат да работат во интерес и за иднината на граѓаните. Вака политичарите можат и натаму да се чувствуваат моќни и да продолжат со своите запалливи говори, рече Пак.

После завршениот втор состанок во Бутмир, позициите во БиХ и понатаму не се променети, нема приближување, компромис и смирување, смета Пак.

Сепак, Пак во целата ситуација  позитивно го оцени фактот што Меѓународната заедница и понатаму сака да ги продолжи разговорите, да понуди помош и некој вид платформа.

- Ако нема компромис во БиХ нема да има ни држава. Ако БиХ сака да влезе во ЕУ,  таа може да влезе само како држава БиХ, а не поединечно, по ентитети, додаде Пак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...