Плавшиќ се очекува денеска да биде ослободена од затвор

Стокхолм, 27 октомври (МИА) - Поранешниот претседател на Република Српска, Биљана Плавшиќ се очекува денеска да биде ослободена од затворот во Шведска, откако одлежа две третини од пресудата за геноцид и извршени злосторства против човештвото во Босна во 1991 и 1992 година. 

Претседателот на Хашкиот трибунал Патрик Робинсон кон средината на минатиот месец ја одобри молбата на 79-годишната Плавшиќ за нејзино предвремено ослободување, откако одлежа две третини од пресудата.

Шведските власти одбија да соопштат детали за времето и начинот по кои ќе излезе Плавшиќ, која ќе биде првиот осуден од Трибуналот во Хаг за најтешки воени злосторства што ја издржал казната.

Таа беше осудена на 11 години затвор за геноцид, злосторства против човештвото, малтретирање на босански муслимани и Хрвати во Босна во 1991 и 1992 година и за прекршување на Женевската конвенција.

Биљана Плавшиќ доброволно му се предаде на судот во јануари 2001 година, а во октомври следната година се изјасни за виновна за протерување на муслимани и Хрвати во 37 општини на БиХ во замена за отфрлање на останатите точки од обвинението.

За време на престојот во затвор таа ја издаде книгата „Сведоштва“, во која го обвини Радован Караџиќ за војната, но одби да сведочи против него. Таа беше еден од клучните сведоци во процесот против поранешниот претседател на босанско српскиот парламент Момчило Краишник, кој во март годинава е осуден на 20 години затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто мажите и даваат имиња на своите пениси?
- Затоа што не сакаат некој безименко да донесува 98% од нивните одлуки.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1473.- Роден е Никола Коперник, полски астроном,...
1743.- Роден е Луиџи Бочерини, италијански...
1797.- Папата Пие VI со Наполеон Бонапарта го...
1800.- Наполеон Бонапарта се прогласи за прв...