Во Србија прогласена епидемија на грипот А

Белград, 11 ноември (МИА) - Српскиот министер за здравство Томица Милосављевиќ денеска прогласи епидемија на новиот грип А (Х1Н1) во земјата.

Милосављевиќ на прес-конференција објасни дека прогласувањето епидемија, пред се подразбира вонредна имунизација, а предност ќе имаат лицата со хронични заболувања и децата постари од шест месеци, бремените жени, здравствените работници и вработените во јавната администрација.

- Ова е чин кој пред се има за цел создавање законски услови за вонредна имунизација. Ништо спектакуларно нема да се случи со прогласувањето епидемија што не се случило овие денови, изјави српскиот министер за здравство.

Тој објасни дека наредбата на министерот за прогласување епидемија подразбира и вонредно епидемиолошко набљудување, забрана за собирања на јавни места, вклучувајќи ги и училиштата и градинките во цела држава или во делови од земјата согласно проценките од страна на надлежните здравствени установи по окрузите и локалните самоуправи.

Како што објасни Милосављевиќ, 23 институти и заводи за јавно здравство во 25 окрузи во Србија, врз основа на одговорноста која им припаѓа, ќе донесат конкретни мерки на територијата на секој округ. Министерот потврди дека тоа значи дека во овој момент нема општа забрана за собирања.

Тој, најавувајќи ги првите вакцинирања за почетокот на декември, додаде дека Србија не доцни со имунизација и ќе биде една од првите земји кои не се во ЕУ што ќе започне со вакцинација против новиот грип.

Милосављевиќ истакна дека набавувањето на вакцините ќе биде голем предизвик за сите држави, имајќи предвид дека капацитетот на фармацевтската индустрија е меѓу 700 и 800 милиони вакцини, а се проценува дека ширум светот ќе бидат потребни две до три милијарди вакцини.

Наредбата за прогласување епидемија стапува на сила по објавувањето во службен весник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...