Во Хрватска 19 жртви на новиот грип

Загреб, 2 декември (МИА) - До крајот на минатата недела во Хрватска од новиот грип починаа 19 заболени додека во изминатата недела се регистрирани 11.209 нови случаи, соопшти Хрватскиот завод за јавно здравство.

Според податоците на тој Завод, минатата недела биле регистрирани помалку случаи од претходната (13.960), а заболени има во сите жупании.

Меѓу заболените и понатаму има најмногу меѓу пет и 29 години, а болеста е регистрирана и кај деца од пет до 14 години. Најмногу починати има во 50-ти и 60-ти години од животот, а речиси сите имале проблеми со тежината, дијабетис, срце или зголемен крвен притисок.

Од почетокот на јули кога во Хрватска беше регистриран првиот случај, досега заболеле 37.085 луѓе од новиот грип. 

Минатата недела во Хрватска беа испорачани првите 140.000 дози од вкупно 1,5 милиони дози вакцини, но постои мал интерес за вакцинирање.

Проблем е и тоа што вакцината е во  шишенца кои содржат десет дози и ако тие не се искористат за 24 часа мора да се фрлат. Поради сето тоа почнаа и обвинувања на сметка на министерот за здравство Дарко Милиновиќ дека потрошил неколку стотици илјади евра за некорисна вакцина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Шпанскиот освојувач Франциско Пизаро ја...
1654.- Водачот на запорошките козаци хетман...
1689.- Во Бордо е роден Шарл Луј Монтескје, еден...
1778.- Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри...