Одложување на стартот на преговорите, најверојатна опција на Брисел

Атина, 3 декември (МИА) - Одложување на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, е формулата што ја подготвува Брисел со која сите страни ќе избегнат непријатни последици, а ќе се остави и дополнителен простор за решавање на прашањето за името, оценуваат денеска грчките медиуми.

Весникот „То Вима“ пишува дека со одложувањето, Атина не ќе мора да стави вето, Скопје ќе избегне ново разочарување, а Брисел конфронтација. ЕУ најверојатно ќе ги поздрави напорите на Владата на Македонија и прогресот што го направи земјата, но одлуката за старт на преговорите ќе ја одложи за некој од наредните состаноци на Советот, наведува весникот.

„Катимерини“, пак, заклучува дека разговорите за името и натаму се во ќорсокак. Неколку дена пред Самитот на ЕУ, генерална оценка е дека времето и шансите да се реши прашањето за името се мали. Тоа стана јасно по средбите на премиерот Јоргос Папандреу со неговиот македонски колега Никола Груевски и со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Резултатот од средбите се затоплени односи и протоколарна љубезност, но не и напредок за името. Двете страни остануваат на своите позиции, пишува „Катимерини“.

Во контекст на прашањето за името, медиумите во Грција ја пренесуваат и изјавата на американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг дадена за време на министерскиот состанок на ОБСЕ во Атина, во која ја поздравува иницијативата на Јоргос Папандреу за директни контакти со македонскиот премиер Никола Груевски и оти очекува тие да придонесат за создавање попозитивна атмосфера за побрзо затворање на спорот за името.

- Вашингтон силно ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Грција, пак, е витален партнер на САД со важна улога во регионот на Западен Балкан и Медитеранот. Не ги потценуваме тешкотиите, но сакам да ги нагласам бенефитите што ќе ги имаат сите ако биде постигнат прогрес. Се надевам дека директните контакти ќе влијаат позитивно на процесот за решавање на прашањето, изјавил Стајнберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...