Продолжува евакуацијата во поплавените региони во Албанија

Тирана, 11 јануари (МИА) - Продолжува евакуацијата во Северна Албанија поради поројните дождови од кои реката Дрим поплави неколку реони, а нивото на водата во Скадар е над еден метар и го претвори реонот во езеро, објавуваат денеска весниците во Тирана.

Луѓето од тој регион се евакуираат со помош на армијата, и досега се евакуирано над четири илјади луѓе. Под вода се над два илјади куќи и речиси 10 хектари земја. Поплавена е и магистралата меѓу Скадар и Тирана.

Во спасувачките операции учествуваат единици на албанската армија, припадници на силите за безбедност на Косово и војници од НАТО.

Грција испратила група од 29 луѓе од силите за борба со елементарни непогоди и подготвува испраќање пратка со храна, лекови и вода за пиење.

Европската комисија соопшти дека ќе испрати експертска група за да помогне албанските власти да се справат со поплавите.

Премиерот Сали Бериша ги повика жителите на погодениот реони да ги напуштат домовите.

Лидерот на опозиционата Социјалистичка партија Еди Рама ја обвини Владата за „неспособност при справување со последиците“ и ги повика граѓаните и албанските емигранти да упатат финансиска помош за настраданите. Универзитетот во Тирана почна со собирање пари кои ќе бидат ставени на посебна сметка отворена на иницијативна на албанската Влада, наменети за луѓето во засегнатите региони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...