Истанбул, 25 февруари (МИА) - Судот во Истанбул ноќеска покрена обвиненија против уште осум турски офицери заради подготвување заговор во 2003 година за соборување на конзервативната исламистичка влада, пренесоа светските агенции.
Вкупно 20 офицери, од кои некои со највисоки чинови, се повикани на одговорност во рамки на оваа веќе голема политичко-полициска афера.