Метју Нимиц во посета на Грција

Атина, 26 февруари (МИА) - Посредниот на ОН во македонско-грчките преговори за спорот околу името, Метју Нимиц денеска ќе престојува во Атина, откако пред два дена беше во посета на Македонија.

Ова ќе биде прв директен контакт на Нимиц со новата грчка Влада, која беше формирана по изборите во октомври минатата година. 

Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григoрис Делавекурас вчера изјави дека дека Грција очекува од Нимиц да ги чуе резултатите од неговата последна посета на Македонија и да му ги изнесе своите погледи за спорот.

Делавекурас повтори дека Атина се залага за решавање на спорот со усогласување на едно име за севкупна употреба, кое ќе вклучува „географска одредница“.

Нимиц завчера во Скопје по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски изјави дека сега е вистинското време за да се реши прашањето за името, повторувајќи дека не донел никаков пишан документ.

- Како што знаете во изминатите години дадов многу предлози, од кои многу се уште се на маса и беа тема на разговор и би можело да бидат дел од решението. Делови од решението се добро познати, но сепак се уште нема целосно решение, подвлече Нимиц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...